Годишен извештај
за работата на ОРТ во 2015 година

Во своите активност во 2015 година ОРТ оствари слични активности со 2012 година, а со тоа оствари и два пати поголем буџет. Повеќето активности беа насочени кона еколошката сфера и поттикнување на претприемништвото.

Општа оценка е дека ОРТ ја остварува својата мисија во рамките на расположливата внатрешна и надворешна околина, фактори и организациски капацитети, што го оправдува своето постоење. ОРТ имаше 5 волонтери во текот на целата година и 1 вработенo лицe.

Активности за животната средина.

1. Активностите за животната средина се концентрираа на едукација на младите за намалување на загаденоста во Скопје со ликовни и литературни творби. Учество зедоа 100 поединци.
2. Денот на пролетта-недела на екологијата, се одбележа со стручен текст објавен во весник.
3. Денот на Планетата, се одбележа на 22 април, со учество на активности во други организации.
4. Апели до институциите и граѓаните за намалување на загадувањето.
5. Учество на стручни дебати со институции и здруженија.

Активности за економски развој.

1. Во соработка со многу здруженија изработивме апликации за проекти на домашен и меѓународен план, особено возобновивме соработка со Асоцијацијата на Роми жени и млади ЛУЛУДИ во изработка на проекти за зајакнување на Ромките и намалување на невработеноста. 2. Почнавме соработка со 5 организации со цел промоција на алтернативниот туризам и давање услуги и производи. 3. Во соработка со МЦМС, спроведовме обуки. 4. Во соработка со Креација спроведовме многу обуки на лица кои сакаат да основаат фирма да направат бизнис план. Ова е составен дел од проектот на Влада на РМ за иницирање на вработување со субвенции. 5. Учество на стручни дебати со институции и здруженија.

Соработка за креирање политики.

1. Во соработка со многу здруженија и фирми изработивме апликации за проекти на домашен и меѓународен план.
2. Учество на стручни дебати со институции и здруженија.

Социјална благосостојба и поддршка на други.

1. За зајакнување на капацитетот го преуредивме канцеларискиот простор со набавка на нови компјутери и полици за библиотеката.
2. Направивме промена на персоналот.

Буџетот за 2015 изнесува 1 951 553 денари.

05.01.2016 година
Собрание на ОРТ.