Времетраење Април 2017
Јули 2017
Проект: Градење на капацитет за креирање на личен кариерен план со цел обезбедување на подобра иднина и социјален статус на млади лица во социјален ризик

Целна група:

Млади лица на возраст од 15-20 години кои се во социјален ризик.

Целно подрачје:

Сите општини во град Скопје.

Цел на проектот:

Проектот е фокусиран на воспоставување на советувалиште и центар за кариери за млади лица во социјален ризик. Основната идеја е да се обезбеди полесна атмосфера за личен и професионален развој на млади лица. Целта на проектот е преку информирање, обуки и менторски сесии, да им се овозможи на 50 млади лица во социјален ризик да креираат јасен и добро дефиниран личен кариерен план во согласност со нивните можности и таленти, со кој би добиле јасни насоки за нивната иднина и можност за подобрување на нивниот социјален статус преку личен развој и ангажман. Проектот е концепиран во три фази, од кој првата е подготвителна и вклучува повик за учество, селекција на учесници и експертски членови на проектниот тим како и развој на проектните материјали. Втората фаза е фокусирана на обуките и менторствата и вклучува одржување на тренинзи, менторски сесии, советувања и разговори. Третата и последна фаза на проектот се однесува на практична примена на стекнатите знаења, преку креирање на сопствен план за личен и професионален развој и точна насоченост на секој од учесниците кон одредена активност (факултет, средно училиште, самовработување или сл.).

Очекувани резултати и индикатори за мерење и средства за верификација

1. 25 Млади лица ќе добијат прав пат во животот
2. 30 Млади ќе добијат добар кариерен личен план
3. 30 Млади ќе добијат добро креирано CV
4. 5 Млади ќе добијат добро креиран бизнис план
5. 5 Млади ќе изберат факултет и ќе се запишат
6. 5 Млади запишани во средно стручно училиште
7. 5 Млади се насочуваат кон занает

Донатор | Град Скопје