Времетраење Април 2016
Април 2017
Проект: Жените Ромки активни учесници во јавниот живот во сите фази на процесот на донесување одлуки и политики, на национално и локално ниво

Целта на проектот е жените Ромки да станат активни учесници во јавниот живот на сите фази од процесот на донесување одлуки и политиката, на национално и на локално ниво.

Целна група се пратеничките, политичарките и жените кои сакаат да влезат во 5те партии на ромската заедница во градот Скопје.

Резултати:

Ромки политичарки да станат активни учесници во јавниот живот.

Активно учество на жените во изборните листи за следни избори.

Одлуки и политиката на национално и на локално ниво да е донесена со гласот на ромските политичарки.

Зголемен капацитет за работа на 20 Ромки членки во политичка партија преку низа обуки и совети.

Поголем дел од активностите ќе бидат фокусирани во Скопје, односно заедниците каде има поголема застапеност на ромско население како: Шуто Оризари, Чаир (Топаана), Ѓорче Петров и Маџари.

Донатор | Амбасада на САД