Времетраење 2017-2018
Проект: Локални алатки за општината Зелениково да прерасне во оштина без отпад, преку селектирање, собирање и рециклирање на PET пластичен отпад од домаќинствата
Глобален еколошки фонд

Програма за мали грантови - ГЕФ ПМГ македонија

Локални акции за глобално влијание

Во периодот од февруари 2017 до мај 2018 година во општина Зелениково ќе се спроведува проектот "Локални алатки за Општина Зелениково да прерасне во општина без отпад, преку селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата".


Проектот го спроведува Здружението на граѓани ОРТ во соработка со Општина Зелениково. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), Здружението на граѓани ОРТ и Општина Зелениково.
Проектот е со вкупен буџет од 42.232 САД$, од кои 21.116 САД$ се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението на граѓани ОРТ, општината Зелениково и вклучени училишта и јавни претпријатија.

Целта на проектот е: Намалување на количините на POPs (НОЗ) преку одржливо управување на цврстиот, пластичен ПЕТ комунален отпад од домаќинствата и од пакувања .

Проектни активности:

1. Организирање на тимови и координација за работа со сите вклучени страни за селекција на отпадот.
2. Организирање на јавна кампања со едукативен и промотивен материјал и предавања за децата во училиштата за штетноста на отпадот и активно селектирање на отпадот.
3. Организирање на предавања за возрасните во домовите за штетноста на отпадот и активно селектирање на отпадот.
4. Организирано собирање и транспорт на ПЕТ амбалажата и хартија со поставување на соодветна инфраструктура.
5. Манифестација со награди за мотивирање на децата и возрасните за учество во проектот.
6. Продажба на отпадот и распределба на парите за развојни цели.
7. Зајакнување на капацитетот на јавното претпријатие и на училиштата за водење на кампања и партнерства во зелен бизнис. .

Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на www.gefsgpmacedonia.org.mk и https://sgp.undp.org

ОРТ Скопје